ДУИ: Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се изјасни против Русија

Демократската Унија за Интеграција смета дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува еднаквоста во општеството да ја доживува како уцена. ВМРО ДПМНЕ за жал ги отфрла прогресивните идеи поради заробеноста во конзервативниот ум на замислената етничка доминација во заедничката држава, – се вели во соопштението од ДУИ, испратено до средствата за јавно информирање.

– Бараме од ВМРО ДПМНЕ да се надмине себеси, да прифати еднаквост во општеството, и истовремено да се изјасни против Русија, за Европа, како и да се огради од поетските про-Путинистички ставови на нивната некогаш поразена русконосталгична кандидатка Гордана Давкова, – се вели во соопштението од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција смета дека граѓаните на нашата земја се убедени во прогресивните идеи на Али Ахмети и неговиот придонес за стабилноста на државата и нејзино Евро-Американска постројување. Тоа ќе го докажат и на 24 Април и на 8 мај.

Затоа е потребно, сите гласови да се концентрираат на Др. Бујар Османи за да се овозможи измена на Уставот и за изборот на претседател и за уставните амандмани, кои произлегуваат од Договорот за добрососедство со што одлучно ќе се придвижиме кон ЕУ, велат од ДУИ.