Мустафаоглу: Какви гадови, какви квазипатриоти од ДПМНЕ
Какви гадови, какви квазипатриоти, коментира на социјалните мрежи Дарја Мустафаоглу од Левица, предизвикана од крајно сомнителната одлука на Советот на Горче Петров и градоначалникот Стојковски, новиот ДУП со кој несомнено ќе се бетонизира општината да го замаскираат со изградба на ново училиште, кое ќе го носи името на Гоце Делчев.
– ДПМНЕ и Стојкоски позади името на великанот Гоце Делчев ги кријат нивните криминални умови и алчност! ДУП-от СЗ 16 (на протегот спроти пазарот во Ѓорче Петров), нелегитмно протнат на вонредна седница, го претставуваат како план за ново училиште кое ќе го носи името Гоце Делчев. Вака ДПМНЕ се обидува да ја сокрие масовната бетонизација и хаос кој ѝ престои на нашата општина и град. Никако не спомнуваат за новопредвидените ТРИЕСЕТ И ТРИ СТАНБЕНИ ЗГРАДИ, 7, 9, 12, 14, 17 и 20 катници. Не спомнуваат дека доколку некогаш, евентуално, се изгради градинка и училиште, децата ќе треба да учат во близина на фабрики за тешки хемикалии. Не спомнуваат дека тоа училиште и градинка нема да има доволно капацитети да ги згрижи децата од Александрија и Хром, а уште помалку од бетонските зданија кои тек ќе се изградат. Не спомнуваат дека за училиштето Гоце Делчев кое го промовираат, немаат започнато никаква постапка, а немаат ниту денар од Буџетот издвоено за табла на која ќе стои називот, не па за објектот. Така да, зградите експресно брзо ќе си никнат, а семејствата нека му ја мислат – вели таа.
– Ете затоа се ДПМНЕ, без ВМРО. Алчни измамници кои си играат со чувствата на граѓаните – додава Мустафаоглу.
На граѓаните на Горче Петров таа им порача да увидат што во изминатиов период стори за нив нивниот градоначалник.
– Добро утро Ѓорчевци, ако немате вода или слаб е притисокот, само сетете се дека градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ наместо да направат ревизија на ДУП-овите:
– на почеток на мандатот одобрија ДУП за Дексион со околу 50 нови згради;
– одвај чекаат да почне со градба 17 катницата во Јурија;
– не избриша ниту една маркица во Хром, туку напротив, го продава и тоа малку државно земјиште за да се дигне зграда;
– шверцерски протнаа и одобрија ДУП карши пазарот во Ѓорче, каде ќе се градат 33 нови згради од кои од кои 14 се со над 10 ката!
Ама Левица била „опозиција на опозицијата” додека они одобруваат, жестоко бранат и постапуваат по ДУП-ови на ексградоначалникот Наумовски од СДС – констатира Мустафаоглу.