Апасиев: Нема земја членка на НАТО каде во Парламентот се веат знамиња на воена организација!

Лидерот на политичката партија Левица и пратеник во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев, на вчерашната седница во Собранието, која се одржа по повод интерпелацијата за работата на претседателот на Парламентот, Талат Џафери, обраќајки се од говорница направи кратка вивисекција на сето она што спикерот Џафери до сега пречекорил и злоупотребил во своите овластувања.

Додека во првиот дел од вчерашниот говор, Апасиев, осврнувајќи се на нелегалниот и нелегитимен избор на Џафери за Претседател на Собранието, тој се осврна и на митот за Џафери како „првиот Албанец претседател на Собранието“. Апасиев, споменуваќи го македонски правник и комунистички деец, Неџат Аголи, и Вулнет Старова, како личности со албанска народност кој извршувале високи политички и административни функции во Македонија, подвлече дека, Џафери како спикер на Собранието, без оглед дали е Албанец или Македонец, има најмногу кривични пријави за пречекорување на службена положба и овластување.

Подолу ви го пренесуваме вториот дел од говорот на Апасиев, каде лидерот на Левица, се осврнува на тенденциозните гушења на Парламентот како и поттикнувањето и толерирањето на насилно и недолично однесување на пратениците од власта, токму од страна на Талат Џафери, како Претседател на Собранието:

Следно, на кое ќе обрнам внимание е таксативно да ви набројам каде каприциозно и силеџиски се однесувате и ги охрабрувате вашите млади јастреби, како колегата Арбер Адеми, така да се однесуваат бидејќи гледаат пример.

Прво, фрлање амандмани во ѓубре. Во еден ден ви текна дека не примате повеќе амандмани со С.Македонија, иако пет месеци пред тоа сте примале.

Следно, објавувате закон без потпис од претседател со фуснота – што е преседан без преседан во досегашната историја.

Следно, не дозволувате расправа по закон кој го вратил претседателот по вето.

Следно, ние немаме одлука за постојани работни тела. 21 матично тело сè уште се на диво, затоа што секој собранички состав си носи таква одлука.

Потоа, повлекување амандмани од еден подносител. Дали сте свесни каков е овој преседан кој го воведовте? Поднеле амандмани десет колеги, а еден ги повлекува во нивно име. Дали знаете колку е тоа опасно? Како да поднесе сега СДС предлог-закон, сас да се приклучам и да речам се повлекува предлог-законот. Знаете колку е тоа опасен преседан?

Бојкот на власта воведовте за седница за недоверба на влада и го поништивте Уставот на ова. Тоа значи утре, кој и да е на власт, е власник е затоа што има мнозинство. Кога ќе се гласа доверба на влада, нема да дојде власта и нема никогаш да се гласа доверба на влада.

Понатаму, нè заклучивте во пленарната сала при гласање доверба. Тоа е дирекно узурпација на правото на говорот на пратениците, излеговте и ја заклучивте салата кога го киднапираа колегата.

Следно, поништивте седница на постојана анкетна комисија само за да не се зборува за тетовската болница, за Беса транс, за Дурмо турс.

Понатаму, во Собраниево вееме туѓи знамиња, со што не се почитува член 2 од Уставот на Република Македонија, кој вели дека суверенитетот е неделив, неотуѓлив и непренослив. Оттука само македонското знаме треба да стои тука, не знамето на НАТО, не знамето на ЕУ. Знамето на НАТО не стои дури ни во земјите-членки. Кажете ми пример 1 од 30 земји членки каде знамето на воена организација стои во граѓанска организација. Силуваната двојазичност која го истиснува македонскиот јазик. Ние секогаш се плашиме од бугаризацијата на македонскиот јазик, но ова е провоцирана македонофобност која е синоним за окупациона власт која вие ја воведувате. А, тоа е дека го прекршувате член 3 став 2 од Деловникот, што многу пати сум ви укажувал на координација и тука. Вели „пратеник кој е избран или именуван функционер кој говори на јазик различен од македонскиот, а го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните, материјалите навремено ги добива, односно ги доставува на неговиот јазик и писмо”. Значи, како што ви кажа и Венецијанската комисија, она што е право на пратениците не е и обврска на Собранието.”