Пријава за мито од 350 евра за хемотерапија
Слободен печат информира за случајот со оперираната онколошка пациентка во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, која минатата недела кај директорката на болницата доктор Елизабета Ивановска писмено пријавила дека нејзиниот онколог од болницата ѝ побарал 350 евра мито за да ѝ даде хемотерапија.
Според пријавата, не станува збор за биолошка терапија, ниту за зрачење, туку за обична хемотерапија, за која пациентката пријавила дека не можела да ја добие после операцијата, бидејќи докторот прво барал пари. Директорката Ивановска вели дека за конкретниот доктор ова е прва таква пријава, но и дека „секој може да си рече сѐ“.
– Пациентот напиша дека докторот побарал, ама така може секој да си рече. Веќе побаравме од докторот и тој да даде писмена изјава. Сега случајот е само на „ти реков-ми рече“, изјави за „Слободен печат“ директорката Ивановска.