Пријател на Заев и СДСМ го финансира фашистичкиот клуб во Охрид „Цар Борис III“

Во медиумите протече информација за тоа кој стои зад (го спонзорира) орворањето на уште еден фашистички клуб во Македонија. Според информациите во медиумите станува збор за Милен Врабевски, човекот кој претходно го финансирал и отворањето на фашистичкото здружение во Битола, е пријател на поранешниот премиер Зоран Заев и бил негов главен гостин во тогашната Влада.

Против отворањето на овие клубови, претходно од страна на Левица повикаа и организираа сенародни протести како во Битола кога се отвараше т.н. Културен центар „Ванчо Михајлов“ така и минатата недела во Охрид, кога се отвараше т.н. Културен Центар „Цар Борис III“.

Традицијата на антимакедонски и погубни политики започната од Владата на Заев и тогашниот Министер за надворешни работи Никола Димитров, денес успешно ја продолжуваат новиот премиер од СДСМ Ковачевски заедно со Министерот од ДУИ Бујар Османи, кои овозможуваат непречено отварање на фашистички клубови и истите ги заштитуваат преку државниот апарат.

На ова однесување претходно многукратно беше предупредувано од Левица, а за заштита од овој феномен тие во Собранието на Република Македонија поднесоа Резолуција „Против рехабилитација на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици“. Но, мнозинството на ДУИ и СДСМ на чело со Претседателот на Собранието Талат Џафери не дозволуваат истата да се најде на дневен ред.

Во резолуцијата се предвидува целосна забрана за појавата на вакви клубови, како и промовирањето на фашистички дејци и симболи кои секојдневно ни се случуваат.