Недостигот од раст ја прави Германија посиромашна

Кристијан Линднер вели дека земјата веќе не е конкурентна и заостанува економски.

Неспособноста на Германија да генерира економски раст ја прави земјата посиромашна, рече министерот за финансии Кристијан Линднер во понеделникот говорејќи на настан на Блумберг во Франкфурт.

Пролонгиран период на мал или никаков раст неизбежно има последици за економскиот џин на ЕУ, според Линднер, кој исто така ја предводи Слободната демократска партија во земјата.

„Веќе не сме конкурентни“, рече Линдер. „Стануваме посиромашни бидејќи немаме раст. Заостануваме.“.

Неговите коментари доаѓаат набргу откако Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) објави мрачна перспектива во која ја намали за половина прогнозата за германскиот раст оваа година на само 0,3%, далеку под 2,9% што се очекува за Г20, па дури и под 0,6% што се проектира за Еврозоната.

Во меѓувреме, податоците за индустриското производство што ќе бидат објавени подоцна оваа недела се очекува да бидат на најниско ниво од 2008 година, кога германската индустрија беше силно погодена од последиците од глобалната финансиска криза.

„За мене е незамисливо владата да не носи никакви заклучоци од оваа анализа“, рече Линдер.

Тој нагласи дека е сосема јасно дека сите социјални обврски на Германија, вклучително и „статус квото на социјалната сигурност“, еколошките проекти и потребата од зголемување на трошоците за надворешната безбедност на земјата „може да се реализираат само со поголем економски просперитет, а не поинаку.“.

Официјалните прелиминарни податоци објавени во јануари од Дестатис покажуваат дека БДП-то прилагодено според цените се намалило за 0,3 отсто минатата година. Во меѓувреме, индустриското производство (без градежништвото) се намали за 2%, што првенствено се должи на многу помалото производство во секторот за снабдување со енергија.