Симонов: Дали Судската власт ќе се спротивстави на антиевропските политики на Џафери

  • Фејсбук статус на Александар Симонов – Координатор на Левица – Сектор Надворешна политика

За јавноста стана достапена увертирата од извештајот на ЕУ за Македонија т.с. Нацрт-извештајот на Европската комисија (ЕК) за Македонија, па да ви споделам неколку детали:

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери дека без да го врати на доработка, го пуштил во собраниска процедура со „европско знаменце“, Законот за државјанството по скратена постапка. – Односн, дека се врши злоупотреба на „европското знаменце“.

Извештајот на Европската комисија вели „Потребна е ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи (…), и консултации за да се ограничи носењето на закони по брза постапка (читај со европско знаменце).“

Левица поднесе кривична пријава против Талат Џафери дека 9 (девет) месеци намерно нема свикано Седница за пратенички прашања што е уставна категорија за парламентарна контрола над извршната власт, со што ја злоупотребил службената должност.

Извештајот на Европската комисија вели дека „работата на Собранието била нарушена со политичката поларизација (…), а пратеничките прашања треба да бидат почести“.

p.s. Останува да видиме колку одлуките на Судската власт ќе соодвествуваат со Извештајот на ЕК, чунки во ЕУ сите држави влегле без Бугари во Уставот, но ниту една не влегла без нормален правосуден систем.

p.p.s. Зборувај ми нежно за тоа кои се анти-европски партии во државата.