Србија против влез во НАТО – Не сакаме ниту во ЕУ доколку услов за тоа е Косово

Огромно мнозинство граѓани на Србија се против воведување на санкции кон Русија, едно од барањата на земјите членки на ЕУ, кои постојано ја притискаат државата на ваков чекор. Но, исто така, граѓаните на оваа земја се противат и на притисокот од Западот за влегување во НАТО и не би го признале Косово во замена за прием на Србија во ЕУ.

Последните истражувања покажуваат минимална поддршка за НАТО, односно само само 5,4% од Србите го подржуваат зачленувањето на земјата во алијансата, што е најниско ниво на поддршка во досега.

Иако дел од истражувањата покажуваат висока поддршка за ЕУ сепак, само 5% би го признале Косово во замена за членство во ЕУ. На оваа опција се спротивставуваат 85% од граѓаните. Додека пак што се однесува до барањата и притисоците на Западот за воведување на Санкции против Русија, 82% од Србите се против воведување на вакви санкции за Русија.

Српскиот аналитичар Ѓорѓе Вукадиновиќ, смета дека и покрај тоа што многумина се обидуваат да наметнат наративи дека општественото мислење е поделено по овие прашања, „истражувањето покажува дека српското општество и не е така поделено како што се мисли“.