[Видео] Роџер Вотерс со „Wish you were here” за Асанж

Легендата на рокенролот и фронтменот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс, вчера ја изведе легендарната „Wish you were here“ пред Министерството за внатрешни работи на Велика Британија, за време на протестот во чест на ко-основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Политичкиот активизам на Роџер Вотерс ѝ е познат на јавноста, вклучувајќи ја и осудата на обидот на САД за пуч врз венецуелската влада. Со оваа изведба Вотерс упати порака за солидарност со Асанж, кој беше уапсен во април и сега се соочува со екстрадиција во Соединетите држави. Тогаш долгогодишниот поддржувач на Асанж и Викиликс, Вотерс изјави дека „се срами што е Британец“.