Улогата и местото на младите во борбата за новиот мултиполарен свет

Вчера, членовите на Левица, во рамките на Светскиот младински форум во Сочи, учествуваа на настан на кој се дискутираше за улогата на младите во борбата за новиот мултиполарен свет.

На настанот имаше говорници од младински организации и институции од Руската Федерација, Н.Р. Кина, САД, Авганистан, Индонезија, Србија и многу други земји.

На дискусијата беа изнесени повеќе поенти за иднината и улогата на младите во формирање на мултиполарниот свет, и тоа:

Новиот мултиполарен свет треба да е базиран на инклузивност, на вклучување на сите народи и држави во носењето одлуки, а не на ексклузивност, односно на желбите на една сила да господари со судбината на сите останати.

Новиот мултиполарен свет треба да се базира на соработка помеѓу народите и државите за взаемен интерес, наместо како до сега на конкуренција и трка за екплоатација.

Беше потенцирано дека историјата не треба да се ревидира за да им одговара на интересите на моќните земји, туку дека таа служи да се учат лекциите од неа за да не ни се повторат грешките од минатото. Ова особено ја засега Македонија конкретно, но и генерално како дел од европскиот континент.

Прашањето за ревизија на историјата Македонија конкретно ја засега по однос на еклатантите примери на ревизија на историјата со Договорот за добрососедство со Бугарија, Францускиот предлог и Преспанскиот договор, а генерално, по однос на преименувањето на Денот над победата над фашизмот и нацизмот во Ден на Европа и намерно заборавајќи на антифашистичките вредности при неговото одбележување.

Новиот мултиполарен свет мора да се базира на почит и соработка каде секоја култура и народ ќе се почитуваат, наместо досегашното рекетирање и уништување на народи и култури кои ќе му се најдат на патот на хегемонот во униполарниот свет.

Беше потенцирано дека целта на новиот мултиполарен свет е големите и малите земји да соработуваат и поважно, дека не треба досегашниот една земја хегемон, да се замени со два или три хегемони, туку дека сите земји, големи и мали, треба да се еднакви во меѓународните односи.

Беше констатирани дека САД, правејќи војни во име на демократијата воведе диктатура во меѓународните односи во кои освен интересите на САД, никој друг не треба да се прашува за ништо. Целта на новиот мултиполарен свет е да се воведе демократија во меѓународните односи, односно да се создаде свет на заедничка од иднина.