Во интервјуто за Сител, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев зборуваше за филибастерингот на Левица против Законот за државјанство. Тој, меѓу другото, изрази сомневање дека постои договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанскиот опозиционен блок за да помине овој закон.
,,Јас се сомневам дека има договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива да се пушти овој закон. Впрочем, ако видовте од средбата Мицкоски – Заев, која беше за пописот, практично се договорија за легализација на дивоградби и за повлекување на амандманите на Законот за државјанство. Видете го тука блефот кој го направија Алтернатива и Алијанса, тие не ги повлекоа амандманите, сѐ уште се блокирани 28 закони од нивна страна, или 21, не знам колку точно беа.
И ние од денес почнуваме фајтерски, почнуваме со блокада. Го блокиравме Законот за урбанистичко планирање и ќе следуваат нови блокади, се додека не ја достигнеме таа бројка од 21. Меѓутоа, ќе таргетираме, бидејќи нашите ресурси се ограничени. Не можеме ние како овие големиве што имат по четириесеттина пратеници, ние сме само двајца.”
Апасиев: ,,Јас се сомневам дека има договор помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса и Алтернатива да се пушти овој закон. На средбата Мицкоски – Заев, која беше за пописот, практично се договорија за легализација на дивоградби и повлекување на амандманите на Законот за државјанство." pic.twitter.com/2mYris5gJt
— Левица (@levica_partija) June 6, 2021