АктуелноЛокално

Црвена Младина: Сон нема да имате ако ова го изгласате

Соопштение на Црвена Младина – младинско движење на политичката партија Левица

Почитувани студенти, почитувана јавност,

До Црвена Младина пристигна информација дека ректорската управа на УКИМ сериозно дискутира и најавува дупло покачување на партиципацијата за додипломски, постдипломски и докторски студии за сите новозапишани студенти.

Како што не известуваат студентите, веќе на одредени факултети им најавиле дека цената за партиципација за државна квота на додипломски студии би изнесувала 200 до 400 евра, наместо досегашните 100, а за приватна квота од 400 до 800 евра.

Заложбите на Левица и Црвена Младина во однос на ова прашање се јасни и концизни: БЕСПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ, БЕЗ СКРИЕНИ ТРОШОЦИ!

На ректорската управа на УКИМ им најавуваме – СОН НЕМА ДА ИМАТЕ, АКО ОВА ГО ИЗГЛАСАТЕ!!

Студенти, младино, спремете се за БОРБА – ОВА НЕМА ДА ПОМИНЕ !