(Видео) Апасиев на струшки дијалект му честиташе „добредојде“ на новиот собраниски Спикер

  • Кратко обраќање на претседателот на Левица – Димитар Апасиев на денешната седница за избор на новиот спикер Јован Митрески. Пратеникот Апасиев на новиот Спикер му прочита писмо од неговите сограѓани, на струшки дијалект. В о прилог целиот текст од писмото:

„Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат. Ко че се вратиш в Струга со празно CV, а полни џебој, рипката не му ја давај на шерифон Мерко од ДУИ зш е на црна листа во Америка. Пушти ја во езероно нек ја фатит вмроецон Пецак од Охрид, него че му требит зш многу местит тендери. То е брат, шибај и све нај нај, ич да не ти чует”