САД снемуваат пари за испраќање оружје за Киев

На Министерство за одбрана на САД му снемуваат пари за оружје за Киев, пишува „Wall Street Journal“, повикувајќи се на западни претставници.

„Пентагон сега има околу пет милијарди долари средства во рамките на тековниот буџет за да продолжи да обезбедува оружје за Украина. Фондот наменет за надополнување на резервите на американската војска (…) е намален на само 1,1 милијарда долари, што значи дека Пентагон средствата се блиску до крај“, се вели во публикацијата.

Во исто време, според весникот, европските земји нема да можат да го заменат обемот на американското финансирање и испораките на воена помош за Киев. Според европските функционери, главната нивна задача е да обезбедат Украина да остане не ослабена до изборите во ноември 2024 година.

„Војниците и муницијата е неопходно да се обезбеди. Украина го нема ниту едното ниту другото“, се наведува во написот.

Во статијата на „Wall Street Journal“ се додава дека Западот не е во состојба да се натпреварува со Русија во производството на оружје. Покрај тоа, западните официјални лица признаваат дека ниту еден вооружен систем доставен до Украина не му обезбедил на Киев значителна супериорност на бојното поле.

Минатата недела, координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби, призна дека Вашингтон потрошил 96 отсто од сите средства доделени за поддршка на Украина од почетокот на руската специјална операција.

Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша нацрт-законот за финансирање на федералната влада кој не вклучува дополнителна помош за Израел и Украина, соопшти денеска Белата куќа.