Студентски отпор се приклучува на протестот на средношколците

  • Соопштение на Студентски отпор

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски Отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците.

Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.
Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

  1. Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
  2. Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
  3. Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
  4. Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
  5. Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
  6. Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
  7. Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
  8. Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

Доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините!

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.

Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!

Со почит,
Студентски отпор