Црвена Младина учесник на Меѓународен анти-НАТО протест во Белград

Организацијата СКОЈ (Сојуз на комунистичката младина на Југославија) ја информираше јавноста дека во саботата во Белград одржа анти-НАТО протест за поддршка на српскиот народ на Косово. На протестот учествуваа претставници на 17 политички партии од различни држави, меѓу нив имаше и претставници на младинската организација на Левица – Црвена Младина.

Протестот беше организиран Кампот CENA – што е годишен состанок на комунистички и антиимперијалистички организации од Европа и Северна Америка, членки на Светската федерација на демократска младина (WFDY). Белград двапати претходно беше домаќин на кампот ЦЕНА, во 2013 и 2019 година.

Според соопштението на СКОЈ на протестот се обратија претседателот на „Мрежата за одбрана на човештвото“ – Ратко Крсмановиќ, претседателот на „Светската федерација на демократската младина“ – Артиз Родригез Галан и првиот секретар на СКОЈ – Милош Каравезиќ.

Овогодишната средба на CENA беше под имете „Да за мирот – Не за НАТО“ – главни теми во разговорите биле видувањата на младите луѓе за современиот империјализам.