Апасиев: Левица става крај на перењето пари за директорите на јавните претпријатие преку адвокатски фирми

Вчера имаше драматична Седница во Советот на Град Скопје, каде советниците на ДПМНЕ ја блокираа исплатата на платите на работниците во ЈСП и ЈП Паркови и зеленило каде работниците беа и по 4 месеци без плата, но по притисок на Левица, а подоцна и целата јавност ДПМНЕ потклекна и прифати да изгласа субвенционирање на претпријатијата.

Денес, лидерот на Левица Димитар Апасиев, потсети на случувања од вчерашната Седница во Советот на Град Скопје и констатираше дека директорите имаат уиграна шема на легално „перење пари“ и поради овие непродуктивни трошоци претпријатијата остануваат во неможност да исплатат плати на вработените.

Советот на Град Скопје нека ги спасува јавните претпријатија, а ДИРЕКТОРИТЕ нека си перат пари преку адвокатски фирми за мавање печати на платни налози!? – напиша Апасиев.

Пратеникот додаде дека Левица ќе стави крај на оваа лоша пракса и ќе поднесе предлог-одлука со која ќе се забрани ваквото трошење народни пари.

Е, нече мочи тако, другарице и другови! Левица ќе поднесе предлог-одлука со која ќе им се забранат овие уиграни шеми на директорите! Имате вработени правници – па тие нека застапуваат за плата, – додаде Апасиев.