Сопругот на претседателката на второстепена комисија Даница Чадиева ангжиран како адвокат во болница во Велес

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Државната комисија во управна постапка, во чија надлежност е решавање на жалби на граѓаните, е целосно УЗУРПИРАНА и девалвирана од страна на претседателката на ОО СДСМ Велес, Даница Чадиева. Чадиева целосно ја има партизирано оваа институција, па истата не чувствува никаква етичка одговорност што паралелно два мандати ја извршува функцијата Претседател на оваа второстепена Комисија, додека ја држи партиската функција во СДСМ – Велес.

За отсуството на било каква одговорност, говори и тоа што токму нејзиниот сопруг е ангажиран како адвокат во велешката болница, од каде според јавно достапни информации, Костадин Чадиев наплатил над 6.000 евра од болницата! За Даница Чадиева сигурно и во овој случај нема ништо спорно, како што не е спорно дека истата истовремено врши и партиска и државна функција.

Откако Чадиева е назначена на чело на оваа Второстепена Комисија, вработените во институцијата се под постојан мобинг да одлучуваат по предмети по нејзина лична ДИРЕКТИВА. Дополнително, парламентарното мнозинство во Собранието, минатата година скандалозно именува два членови во оваа Комисија (Ивана ШАПКАР и Весна Илиева – ЛУБУРИЌ), кои воопшто не ги исполнуваат законските услови за да бидат дел од ова тело.

Потсетуваме дека Левица претходно реагираше за Одлуката на Граѓанскиот суд против Даница Чадиева, каде било утврдено дискриминација на лице вработено во самата институција. Оваа Комисија одлучува во втор степен за жалби на граѓаните, кои процениле дека биле дискриминирани од институциите во првостепената постапка. Но, токму институцијата која треба да ги штити граѓаните од самоволието на власта, истата е узурпирана од партиски послушник, која единствено постапува по директивите на својата партија.

Очигледно е дека Владата на СДС го штити скандалозното работење на Даница Чадиева, каде тенденциозно и намерно се партизира делувањето на Комисијата, додека самите граѓани се оштетени од незаконските одлуки на Комисијата. Левица го повикува Државниот управен ИНСПЕКТОРАТ да изврши надзор врз работење на оваа Комисија и начинот на постапувањето по предметите, со цел интересите на граѓаните да бидат заштитени од самоволието на партиските послушници.