Апасиев: Промената на името е шверцерски процес – Левица може да го врати

  • Во интервју за „Лазаров поткаст“ кое вчера ги сруши рекордите во гледаност, лидерот на Левица и пратеник во Собранието Димитар Апасиев зборуваше за промената на Уставното име на Република Македонија и можноста за исправање на историската неправда. Според Апасиев, враќањето на државното име на Македонија е реалност која може да се достигне лесно, поради бројните нерегуларности при спроведувањето на процесот.

Процесот не беше добар, да беше процесот добар, тешко ќе беше да се врати. Да го потпишеше договорот „Преспански“ претседателот, да го потпишеше указот на Законот, да беше успешен референдумот, така ќе беше тешко. Вака на шверцерски процес, шверцерски го враќаме. Тоа е тоа. Тоа е стратегијата. Левица кога ќе дојде на власт, Левица ќе го врати името, Тоа е јасно!

Фантастика е промената, враќањето не е фантастика, враќањето е наука, политика. Они се изгрешија во чекорите, буквално се, цел процес е шверцерски, илегален. Од Римско право до денес „неправото не може да роди право“ и тоа е филозофијата. Ни 120 пратеници не можат да сменат народна волја. Референдумот е појак од уставот.

Референдумот од 1991 не вика за северна Македонија, вика за Македонија. Од тука легален е референдумот и на небо и на земја додека не се промени со нов референдум. Таков немаме. Додека немаме Македонија е легалното име на оваа држава. Северна е дивоградба. Дајте ни власт и да видите како се враќа.