Марио Јаневски – Со пописот на Македонија ѝ се спрема тежок фалсификат

Став на Марио Јаневски, член на Црвена Младина.

ДА ГИ ПРЕБРОИМЕ ФАКТИТЕ

Попис. Навидум лесна и едноставна операција, но во суштина сложен и деликатен зафат. И после сиве овие години немајќи попис, властодршците се одлучија да го организираат токму сега, во ситуација кога сите држави го одложија, и кога во Македонија ја имаме една од најголемите стапки на смртност во светот од Ковид 19, и притоа сме една од ретките земји во светот која сѐ уште нема обезбедено вакцини за масовна имунизација на населението. И при цела оваа нелогичност да се огранизира попис во вакви услови, со сериозен ризик фактор буквално да се заразите и да си го искомплицирате животот и вашето здравје, на нашата Република каква што ја знаеме од независноста до денес и’ се заканува смртност и испарување во вечноста.

При вакви геополитички констелации каде ни наметнуваат нелегитимни национал-шовинистички договори, спротивни на меѓународното право затскриени под „императивот на добрососедството”, навистина постојат сериозни индикации и сомневања дека со ваквиот Закон за попис кој е во судир со задолжителните норми на меѓународното право и со воспоставените интернационални статистички стандарди на ЕУРОСТАТ и ООН, дека на Македонија и’ се спрема тежок фалсификат. Имено, во законот за попис нема разлика помеѓу вкупно попишано население и резидентно население кое живее во државата, со што се отвора можноста за попишување на дијаспората на една од поголемите етнички заедници, како увертира за редефинирање на нацијата и етнички инжинеринг на населението.

Овој попис не смееме да дозволиме да биде предвесник на нови оспорување на македонскиот национален идентитет, преку оспорување на автохтоноста на македонскиот народ. Истовремено скандалозно е тоа што веб страната за пописот е изработена од бугарска компанија со што дополнително се намалува довербата во целиот процес и се отвораат сомненија за ново подривање на пописот и вештачко воведување на бугарско малцинство во Македонија. Токму во вакви сензитивни периоди кога Бугарија го негира нашето постоење. И токму затоа потребно ни е бојкотирање на пописот. Бидејќи бојкотот претставува механизам за да се делегитимира целиот процес со цел одложување на пописот и нов закон за попис кој ќе биде усвоен со консензус од целото Собрание и сите политички чинители во Македонија.

И запомнете, ако отворите врата, отворате можност вашето здравје и здравјето на блиските да биде загрозено. Ако отворите врата, отворате можност за редефинирање на Републиката. Ако отворите врата, отворате можност за остварување на големоалбанските аспирации. Ако отворите врата, отворате можност за нови рамковни вработувња во државниот и приватниот сектор. Ако отворите врата, отворате можност за нови репресии врз помалите малцинства. Ако отворите врата, отворате можност за вештачко воведување на бугарско малцинство во Македонија. Ако отворите врата, отворате можност за нови меѓуетнички тензии во Македонија. Ако отворите врата, отворате можност фалсификатот да биде легитимен и нивните политички мотиви да бидат остварени. Ако отворите врата, отворате можност Македонија да биде распарчена, поделена и вечно да исчезне.

И ЗАТОА НЕ ВИ ОТВОРАМ ВРАТА БЕ !

#НеОтворамВрата

#VivaLaRepublica