АктуелноЛокално

Серијата „Црвениот поет“ после неколку години, вечер ќе се емитува ТВ екраните

Црвениот поет е телевизиска серија за животот и делото на Коста Рацин, еден од великаните на македонската поезија од дваесеттиот век, еден од најреволуционерните патриоти и еден од најромантичните уметници што ги дала Македонија.

Коста Солев Рацин, извонредно талентиран млад поет кој се осмелува да пишува и објавува своја поезија на македонски јазик и покрај строгите забрани во времето по Првата светска војна. Згора на тоа, прогласен комунист, уште една активност која тогаш е забранета од властите, што му носи дополнителни тешкотии. Приказната прикажува извонредна борба и херојски настани низ Втората светска војна. Сето тоа ќе има страшни последици за него и неговата поезија.

Црвениот поет е во режија на Никола Поповски, сценарио на Сашко Насев. Серијата е снимена во 2016 година за македонскиот поет Кочо Рацин.

„Црвениот поет“ конечно ја виде светлината на денот,во 2023  но само за ограничена публика од Велес заради нејзината контроверзијата која што ја прикажуваше Бугарија како фашистичка држава во време на втората светска војна кој што според СДСМ беше против законите од договорот на добро пријателство.

Шест години откако е снимена, наместо да се емитува на телевизија, серијата беше прикажана само во рамки на фестивалот „Рацинови средби“, токму во родниот град на поетот, Велес.