ЛЕНКА: Градоначалникот на Велес врши политички притисок врз неистомисленици

Во целост го пренесуваме соопштението на ДСП „Ленка”.

Службеник во Општина Велес се пожали и побара правна помош од нас поради тоа што Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, поднел иницијатива за дисциплинска постапка против него. Во Иницијативата, Градоначалникот бара дисциплинска комисија да утврди дека службеникот направил потешка повреда на службената должност – дисциплински престап. За овој наводен престап, санкцијата може да биде и бркање од работа. Според градоначалникот, службеникот го направил престапот со тоа што напишал два лични става во негативен контекст како два поста на личен профил на Фејсбук, вон работно време а кои се однесуваат на НАТО Фестот.

Во меѓувреме, Градоначалникот на Велес, од својот личен профил, за истиот настан, Голема граѓанска прослава во организација на Влада на РМ, кој во јавноста е познат како НАТО Фест, сакајќи да го промовира, споделил пост од фејсбук профилот на Општинска Организација на СДСМ од Велес. Значи тој може од личен профил да го промовира настанот и тоа споделувајќи содржини од фејсбук профил на ОО СДСМ Велес со што го нарушил угледот на функцијата градоначалник, а со тоа и на цела Општина Велес, а службеникот не смее да постира пост со негативен став кон НАТО Фестот од својот личен профил?!

„Баханалии“ е преблаг збор  кога се организира погреб на државата, во име на народот и со народни пари!

Пост со кој Градоначалникот на Велес го нарушил угледот и независноста на Општина Велес од партискио влијание

И не е само тоа, Градоначалникот на Велес отиде и чекор понатаму. Тој водеше кампања “ЗА” на изминатиот референдум, а тоа го правеше од позиција на Градоначалник со што ја злоупотреби функцијата Градоначалник на Велес. Иако спротивно на добрите референдумски практики на Венецијанската комисија, беше решено само Собранието (пратениците) да водат кампања, а не и градоначалниците. Но, Градоначалникот на Велес, спротивно на тоа водеше кампања “ЗА”.

Аце Коцевски води кампања “ЗА” од позиција на Градоначалник со што прави злоупотреба на функцијата

На крај прво се наметнува логично прашање, ако службеник вработен во Општина Велес, за два статуса во кои се изнесува критика на НАТО Фест, напишани на приватен профил вон работно време, треба да се казни за дисциплински престап, тогаш како треба да се казни Градоначалникот на Велес?

Како и да е, ние од Ленка ќе го следиме случајот и правно ќе го помогнеме службеникот. Оваа метода на политички притисок врз вработените во администрацијата нема да помине!