Касами – Коалицискиот партнер на Мицкоски и Заев ќе го руши крстот на Шапка

Градоначалникот на Тетово кој на централно ниво беше во коалиција со ванчомихајловистичката СДС на Заев, а стана градоначалник по коалицирањето со врховистичката ДПМНЕ на Мицковски, цврсто е решен да го сруши крстот на Шапка. Потсетуваме, патрнерот на СДС и ДПМНЕ – Касами, претходно вееше знаме на голема Албанија, интонираше странски химни, а улиците во Тетово именувани по партизани, добија имиња по балисти и соработници на фашистичкиот окупатор.

Ова се само дел од политиките кои ги сервираше партнерот на Заев и Мицковски изминативе години, додека меѓувремено Тетово е една од најзагадените општини во државата, се гуши во отпад, развојот на инфраструктурата е на исклучително ниско ниво, а дивоградби никнуваат како печурки после дожд, но од сите дивоградби за Касами, најголем проблем е Крстот.

Албанската опозиција којанајновата коалицијата „Европски сојуз за промени“ велат дека рушењето на крстот на Попова Шапка го исценираа СДСМ и ДУИ за да ја дефокусираат јавноста од многу други прашања на локално и централно ниво. Се поставува прашањето „дали рушењето на крстот, Касами ќе го спроведе по европски стандарди?“

Од Политичката партија Левица ваквата политика ја овенија за сецесионистичка, екстремно десничарска и фашистичка.

Градоначалникот на Тетово Касами во континуитет е најизразено сецесионистички градоначалник во државата покрај другите градоначалници од албанската екстремна десница, кој постојано и на секој начин ги поткопува принципите на македонската државност. Екстремното десничарската – фашистичка и антисекуларна политика постојано ги подгрева меѓуетничките тензии и ги таргетира Македонците, како за нивниот идентитет и држава, така и за верските чувства. – Стои во соопштението на Левица.