Руските сили во Украина ќе користат оружје од кој Западот стравува

Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека Воздухопловно-десантните сили за првпат добиле тешки пламенофрлачки системи „Солнцепек“ и дека ќе ги користат единиците кои се испраќаат во Украина.

Оваа испораката на надградени борбени возила TOS-1A Solncepek е првпат во историјата на Воздухопловните сили.

Шефот на службата на Алексеј Гончаров, изјави дека на овие системи им нема рамен во арсеналот на колективниот Запад и дека „сеат паника меѓу непријателот“, пренесува РИА Новости.

Солнцепек уништува цели со помош на термобарични, запаливи ракети, и овозможува потиснување на непријателските активни дејства и 100% уништување на нескриен персонал на површина од 40.000 квадратни метри. 

Високата борбена ефикасност на системот е веќе тестирана на бојното поле и во различни климатски и географски зони.

Системот е дизајниран да уништува лесни оклопни возила, згради и персонал во нив на растојание до шест километри.