По иницијатива на Левица – Битола доби хуманитарни паркинг простори

  • Дел од излагањето на Советникот на Левица во Битола – Горан Велески

После изгласаната иницијатива, советничката група на Левица поднесе одлука во Советот на Општина Битола за хуманитарни паркинг простори кои ќе ги користат сите граѓани. Одлуката е едногласно прифатена!

Локациите на 17-те хуманитарни паркинг простори се наоѓаат на улица “Цар Самоил” и улица “Борка Левата”. Се надеваме на транспарентност од страна на ЈП Паркинзи и Општина Битола за овој хуман гест за најранливите категории.

Овие хуманитарни паркинг места ќе ги користат сите граѓани, односно кога ќе паркираат на хуманитарен паркинг простор кој ќе биде обележан со црвена боја и посебна зона на дадената табла , паричните средства ќе се собираат во ставка Социјални Бенефиции од Буџетот на Општина Битола, каде истите ќе се доделуваат на ранливи категории, финансиска помош за болнички трошоци, донации и други социјални потреби.