Левица: Пожарникарите со неисплатени плати работат ноќни смени и празници

Од политичката партија Левица реагираа дека тетовските пожарникари иако добиле судска пресуда за неисплатени додатоци на плата за ноќна смена, работа за време на празници и прекувремена работа, сѐ уште не им е исплатен противнадоместокот.

Од партијата најавија целосна поддршка за пожарникарите преку протести да ја добијат правдата.

„ Ние како работничка партија ги поддржуваме овие работници во нивната борба и ќе сториме се’ што е во рамките на нашите капацитети да им помогнеме да ја истераат правдата. Нашите членови од ЛО Тетово активно ќе учествуваат во нивните протести, кога и да се случат, а ги повикуваме и другите работници од Тетово да се вклучат, бидејќи само обединета работничка класа може да направи радикални промени и да си го земе она што и’ припаѓа,”. се наведува во реакцијата на Левица.


ПОЖАРНИКАРИТЕ ОД ТЕТОВО СО НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ РАБОТАТ НОЌНИ СМЕНИ И ПРАЗНИЦИ Пожарникарите од Тетово, спремни се…

Posted by Левица / E majta / Levica on Thursday, 24 December 2020