Unplugged Series 003: Летечки Пекинезери во КИЦ

Во Понеделник, 20.11.2023,со почеток од 20 часот во Културно информативен центар – Скопје- Салон 19:19 ќе се одржи концерт Unplugged Series 003: ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ.

 За Летечки Пекинезери не е потребен опширен опис кога се работи за нашата локална музичка сцена. Како дел од таа сцена се мошне флексибилни и снаодливи па поради тоа често настапуваат и на сцени каде се единствените амбасадори на џезот. Нивната жанровска определба е двосмислена бидејќи воедно цврсто се држат до свингот кој се помалку наоѓа место во модерниот џез, а поради нивнито растворување на традицијата во пристаплив поп сензибилитет во исто време ја напуштаат џез територијата и се маркантни претставници на таа музика. Нивниот еклектичен звук ќе имаат прилика да го претстават во Салон 19.19 – концертен простор од големо значење за музичката историја на ова поднебје.

Содржани во концертот ќе бидат композиции од нивните два албуми “Летечки Пекинезери ” и “Изложба На Кучиња”, а исто така ќе изведуваат материјал од нивниот трет албум кој во брзо време ќе биде објавен на винил и на дигиталните платформи.

Летечки Пекинезери како формација се квинтет кој е сочинет од:

– Иво Солдатовиќ – кларинет
– Петар Христов – тенор саксофон
– Бојан Петков – гитара
– Кирил Туфекчиевски – контрабас
– Славчо Коцев – тапани

 Влезот на настанот е слободен.