Апасиев: Со нелегална седница се шверцуваат 32 милиони евра за провладина Телма

Пратеникот на Левица – Димитар Апасиев на својот фејсбук профил реагираше дека власта нелегално ја продолжила седницата после 18 часот, без одлука на спикерот, само да го помине Законот за Гама.

„Шверцерската власт илегално ја продолжи собраниската седница по 18:00 часот, со цел ноќва да го шверцува противуставниот ЗАКОН ЗА ГАМА, со кој на Макпетрол (Телма) ќе се плати 33 милиони ЕУР оштета, за акции кои вредат 19 милиони ЕУР!? Поголем криминал од ова е само ОКТА!

p.s. Пратениците од опозицијата кои се единствени во салата ќе седиме до сабајле, веќе навикнавме на полноќни шверцувања.”

И пратеникот Борислав Крмов реагираше дека согласно член 68 од Деловникот на Собранието само Претседателот на Собранието може да продолжи седница после 18:00. часот. Бидејќи таква одлука нема, Крмов реагира дека седницата која моментално трае е нелегална и со единствена цел да се исфорсира исплата на близу 33 милиони евра на Макпетрол како противуслуга за провладината пропаганда која телевизија Телма ја вршеше за време на изборите.