Захарова: Во Украина продолжува бранот репресии врз православните свештеници

  • Извадок од брифингот на официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русиjа Мариjа Захарова за актуелни надворешнополитички прашања (12 април 2023 година):

„Во Украина продолжува бранот репресии врз православните свештеници. Тие не се само прогонувани – неодамна во мрежата се појави видео со тепањето на епископот Ивано-Франковски и Коломијски на Канонската Украинска православна црква Никита.

Најлошото е што локалните власти поттикнуваат такво однесување, а органите на редот не го гонат напаѓачот, чие лице совршено се гледа на видеото. Сето ова го зајакнува чувството на попустливост и неказнивост кај украинските неонацисти.

За жал, соодветните меѓународни организации, вклучително УНЕСКО и ОБСЕ, како и членовите на светската заедница, на ниту еден начин не ги осудуваат злосторствата против Православната Црква.

Реакцијата на американскиот Стејт департмент се покажа како врв на цинизмот: заменикот официјален претставник на министерството рече дека не слушнал ништо за прогонот на православните свештеници и заземањето на црквите на Украинската православна црква.“