Русофобијата продолжува – Соопштено за затворање на Россотрудничество во Македонија

Работите на „Руските културни центри“ се прекинати во Романија, Словенија, Словачка, Хрватска и Македонија, соопшти Претседателот на Россотрудничество, Евгениј Примаков, кој додаде дека организацијата своите ресурси ќе ги пренесе во азиските земји, Африка и Латинска Америка.

РИА Новости, пренесе дека прекинот на работата на руските културни установи е под различни услови во секоја од земјите. На пример, според Примаков – Претседателот на Россотрудничество, некаде владите на државата објавува дека го прекинува меѓувладиниот договор за активностите и соработката помеѓу центрите за култура, а некаде се поврзува со протерувањето на руски дипломати, бидејќи вработените во организацијата обично се акредитирани во амбасадите.

„Мораме да ја намалиме работата. Ако луѓето си заминале и не се дадат нови визи, тогаш сè е замрзнато“, рече шефот на Росотрудничество. „Ние ништо не затвораме доброволно. Зошто да им помогнеме на идиотите кои се обидуваат да ја одвратат руската култура, јазик и литература?“ – додаде тој.

Претходно, Германија им одби визи на вработените во „Россотрудничество“ за да присуствуваат на настан за руската култура. Официјалната претставничка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ова го нарече манифестација на тенденциозната антируска политика на Германија.

Потсетуваме, минатата седмица во Кремељ се одржа церемонијата за предавање на акредитивни писма, свеченоста на која беа прифатени новоназначените амбасадори во Руската Федерација, каде рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се залага за сеопфатен развој на односите со Македонија“.