Градоначалникот ја прекина седницата, претседателот Ристов ја продолжи – ДУП-от Ј03 не е изгласан
- Соопштение на ЛО Левица Карпош
Денешната триесетта седница на Советот на Општина Карпош се одржа во тензична атмосфера. Причината за тоа е предложениот детален урбанистички план за Градска четвртр Ј03 Блок 02. Седницата започна во тензичка атмосфера и уште на самиот почеток беше прекината од страна на Градоначалникот, кој ги повлече точките од дневен ред.
По ова, претседателот на Советот, Бранко Ристов, користејќи ги ингеренциите и можностите согласно Законот за Локална самоуправа, Статутот и Деловникот на Општина Карпош, ја продолжи седницата на советот.
По кратката дискусија за деталниот урбанистички план Ј03 Блок 02, истиот беше ставен на гласање. Советниците на Левица, како што најавија и претходно, не го поддржа овој урбанистички план, гласаа против и истиот не беше изгласан.
Она што по кој знае кој пат остави впечаток, е политиката на ДПМНЕ која водејќи се од познатите мицковистички методи и воспоставени пракси на водење несериозна политика, уште еднаш се обидоа да направат циркус. Да потсетиме, тоа е онаа иста политичка партија која застана зад градоначалникот Стевчо Јакимовски, која во предизборието жестоко ги бранеше неговите ставови, идеи и програми, а чии советници го гласаа и т.н. ДУП за Пуцко Петрол.
Советничката група на Левица во Општина Карпош и натаму ќе продолжи да го штити интересот на карпошани искористувајќи ги сите механизми кои во оваа позиција стојат на располагање.