На изборите со еден кандидат, победи член на ДПМНЕ за студентски претседател
- Соопштение на Црвена Младина
Денеска, за жал беа одржани „изборите“ за студентски претседател во студентскиот дом Пелагонија, на кои имаше само еден кандидат, истакнатиот член на политичкиот подмладок на ДПМНЕ, Софија Маркова која „оствари убедлива победа“ на „демократските“ избори.
До Црвена Младина пристигна информации дека и покрај тоа што кандидатката била единствената опција студентите во голема мера или гласале против или го направиле ливчето неважечко или пак воопшто не излегле да гласаат, имено неофицијалните резултати кои пристигнаа до Црвена Младина се: Од 997 студенти кои имаат право на глас само 33.7% излегле на гласање од кои: 144 гласале ЗА, 101 гласале ПРОТИВ а 91 ливче било неважечко.
Откако претседателот на УМС и официјално на социјалните мрежи се пофали дека нивни партиски кадар ќе ги претставува студентите, јасно е дека Софија Маркова е за жал само партиски послушник на УМС и евидентно е дека повластен третман ќе имаат членови на овој партиски подмладок, додека сите останати ќе бидат запоставувани.
Овие студентски избори и „победата на УМС“ во нив не претставува ништо повеќе од последниот во долгата низа порази на студентската демократија и причина зошто студентите воопшто не веруваат во (и не ги ни знаат) официјалните нивни претставници како и последен чин на користење на студентските тела за партиски намени.
Црвена Младина најостро го осудува овој провиден обид за понатамошна партизација на студентите, кои имаат многу поголеми проблеми од Софија Марковска и УМС и кои се соочуваат со маскимално недостојни услови на живот, нешто што богаташот Сергеј Попов никогаш го нема искусено.