Пратениците на Левица: Ако нема попис – ќе падне владата

Пратениците на Левица денес реагираа на своите профили после веста дека и Србија го одложи пописот.

Србија (која, btw, има вакцинирано два милиони луѓе) го ОДЛОЖИ пописот! Претходно, истото го направија и Бугарија, Романија, Германија, Ирска, Шкотска и други држави низ Европа и светот – оти спроведувањето попис сред пандемија, не само што е сулудо, туку е и злосторство!

Ама, нееееее… СДС на Нашата Земја мора да го испорача предизборното ветување на фалсификат-попис на штета на Македонците, побарано од ДУИ. Ако нема попис – ќе падне Владата, па затоа Заев и неговите уценети пајташи силеџиски го туркаат пописот, на штета на јавното здравје. И затоа не ви отвораме врата! Не учествуваме во вашата весела математика.

p.s. А за оваа ваша лудорија, кад-тад ќе си наебете и кривично. Со апсења, со притвори, со сите салтанати. Почнувајќи од директорот, па надаље. – напиша претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

На ова се надоврза и пратеникот Крмов, кој се повика на изјавата на заменик-директорот Иљми Селами, дека пописот нема да е успешен и само илјада граѓани ако не се попишат.

Со само неколку илјади бојкотирачи, како што тврди и самиот заменик директор на ДЗС: Пописот не може да биде признаен! ДУИ нема да го признаат пописот „ако не им се допаѓаат резултатите“. ВМРО-ДПМНЕ веќе најави дека нема да го признае. Левица сигурно нема да го признае. Со поголемо попишување не се спречува веќе договорен фалсификат. Со поголемо попишување само им се олеснува фалсификатот. Од 1ви до 21ви Април, не отвараме врата за фалсификуван попис!, – напиша Борислав Крмов.

Со само неколку илјади бојкотирачи, како што тврди и самиот заменик директор на ДЗС: Пописот не може да биде…

Posted by Борислав Крмов on Monday, 15 March 2021