САД ја блокираше резолуцијата за прекин на огнот во Газа, воените злосторства ќе продолжат

  • Советот за безбедност на ОН засега нема да повика на прекин на огнот во Појасот Газа. САД ја блокираа соодветната резолуција.

САД синоќа (8 декември, 2023) ставија вето на предлог резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој беше поддржан од огромно мнозинство членови на тоа тело, а со кој се бара итен, хуманитарен прекин на огнот во војната во Појасот Газа.

Од 15 членки, 13 гласаа за резолуцијата, Велика Британија беше воздржана, а само САД беа против.

Која е пораката што им ја испраќаме на Палестинците ако не можеме да се обединиме зад повикот за привремено запирање на масовното бомбардирање на Газа?, рече заменикот постојан претставник на ОАЕ во ОН, Мохамед Абушахаб.

Заменик-постојаниот претставник на САД во ОН Роберт Вуд истакна дека нацрт-резолуцијата е одвоена од реалноста и „нема да промени ништо на теренот“. -Затоа, иако САД силно го поддржуваат воспоставувањето траен мир во кој Израелците и Палестинците ќе можат да живеат во мир и безбедност, ние не ги поддржуваме повиците за итен прекин на огнот, додаде американскиот дипломат.

  • „Нашите американски колеги буквално пред наши очи потпишаа смртни налози за илјадници, ако не и десетици илјади повеќе цивили во Палестина и Израел, вклучувајќи жени и деца, како и претставници на ОН кои се обидуваат да им помогнат. Историјата ќе покаже проценка на овие дејствија од Вашингтон“, – изјави заменик постојаниот претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански.

САД и Израел се противат на прекин на огнот затоа што веруваат дека тоа само ќе му користи на Хамас. Наместо тоа, Вашингтон повикува на пауза во непријателствата за да се заштитат цивилите и да се дозволи ослободување на заложниците земени од Хамас.