Џереми Корбин открива радикален план за помош на бездомниците: да им се купат куќи

,,Статистиките оваа недела покажуваат дека бездомништвото се има зголемено седма година по ред. За разлика од конзервативците, лабуристите нема да гледаат мирно дури луѓето спијат на нашите улици.”

Во интервју со Ендру Мар од БиБиСи во недела, Џереми Корбин, лидерот на лабуристичката партија во Велика Британија, ја претстави политиката што неговата партија веднаш ќе ја спроведе за да се справи со “срамното” и “потполно непотребно” ниво на бездомништво доколку освои мнозинство на следните избори.

Политиката е едноставна: да се купат куќи за илјадниците Британци кои што спијат на улица. Според статистичките податоци објавени од владата минатата недела, бројот на луѓе кои што спиеле надвор одредена ноќ во 2017, се зголемил за 15 проценти во споредба со минатата година.

Со цел да се справат со оваа криза, Корбин рече дека лабуристичка влада би “купила 8000 имоти низ земјата за да им даде веднаш сместување на оние луѓе кои се моментално бездомни и истовремено ќе бара од локалните власти да изградат многу повеќе”.

,,Ќе им дадеме моќ на локалните власти да ги преземат поседите кои намерно се чуваат празни”, додаде Корбин. ,,Екстремно навредлива е идејата да се изгради луксузен блок…[и] намерно да се чува празен, знаејќи дека со инфлацијата на цената на имот инвеститорот ќе прави 10 или 12% годишно.”

Во низа твитови во неделата, Корбин остро ја критикуваше Конзервативната партија поради неуспехот во преземањето мерки за справување со бездомништвото.

,,Статистиките оваа недела покажуваат дека бездомништвото се има зголемено седма година по ред”, напиша Корбин. ,,За разлика од конзервативците, лабуристите нема да гледаат мирно дури луѓето спијат на нашите улици.”