Eвропратениците Клер Дејли и Мик Волас ќе бидат гости на Пленумот Левица
Како што објави Левица, ирските европратеници на најголемиот партиски настан на Левица – Племумот ќе гостуваат Клер Дејли и Мик Волас, а настанот тие ќе земат учество со свои говори.
Клер Дејли стана вирална на социјалните мрежи со нејзините жестоки говори во европскиот парламент, застанувајќи на страната на послабите и занемарените, и без влакна на јазикот говорејќи го она што Западот не сака да го чуе.
И Мик Волас е политичар од сличен калибар, класичен левичар, со јасни идеолошки прашања, особено оние кои се однесуваат на надворешната политика на Унијата.
Во Македонија овие двајца европарламентарци станаа познати по спротиставувањето на бугарскиот европратеник Џамбаски, кога цврсто ги бранеа македонските позиции и не му дозволија на Џамбаски да ги негира македонската држава, јазик и култура. Исто така тие имаат барано и отсранување на овој европратеник поради односот кон Македонија и неговиот нацистички поздрав во европарламентот.