АктуелноЛокално

Путин: Се гради нов, поправеден и подемократски систем на меѓународни односи

Рускиот претседател Владимир Путин во поздравот до учесниците и гостите на меѓународниот форум “Примаковские чтения” истакна дека се формира нов, поправеден и подемократски систем на меѓународни односи кој одговара на потребите на светското мнозинство.

Овој меѓународен експертски форум, е именуван по Евгениј Максимович Примаков, руски економист и дипломат. Тој бил роден бил во Киев, СССР а израснал во Тбилиси Грузиска ССР. Бил премиер на Руската Федерација во периодот од 11 септември 1998 до 12 мај 1999 и за него ова е огромно признание.

„Во текот на конструктивни, слободни дискусии, учесниците на форумот не само што темелно ги анализираат клучните меѓународни проблеми на денешницата, туку ги разгледуваат и долгорочните трендови во развојот на ситуацијата на регионално и глобално ниво врз основа на систематско, научно пристап и објективни факти“, се вели во соопштението на Кремељ за форумот.

Претседателот на Русија истакна дека главна тема на овогодинешниот форум биле „Постглобализациски хоризонти“.

„Очигледно е дека моделот на глобализација, кој беше формиран во голема мера од западните држави, и кој природно беше во согласност со нивните сопствени интереси – ја надживеа својата корисност, и денес е во длабока криза. Се појавува нов, поправеден и подемократски систем на меѓународни односи, во кој се земаат во предвид потребите на светското мнозинство“, изјави Путин во воведниот говор на форумот.