Левица: Среќен 40-ти роденден за дупките во с. Прибилци
- Реакција на Левица – ЛО Демир Хисар
Денеска Локалниот огранок на Левица – Демир Хисар им приреди изненадување на дупките во с. Прибилци по повод нивниот 40-ти роденден. Како што велат дупките, во овие 40 години ниедна локална власт не се обидела да ја пополни нивната празнина а ова е прв пат некој да се сети на нив после четири децении.
Да не беше ова трагично, ќе беше смешно… Додека фирмите блиски на властите 30 години одливаат граѓански пари за половично-извршени работи, мештаните од околните села во Демир Хисар се приморани секојдневно да гледаат како се распаѓа сѐ она што е направено од времето на Југославија, кои нашите не се способни да го одржуваат а камоли обноват!
#СреќенРоденденДупки
#ВажноЕ