„Македонци, ќе ве убиеме“– Антимакедонски пораки испишани на мостот „Око“

„Македонци, ќе ве убиеме“, „Албанија – Косово“ „Еби ги србите“ – се дел од пораките кои утринава осамнаа на мостот „Око“. Одговорност за овој чин никој не презема, од МВР нема ниту најава за расчистување на случајот. Пораките се појавија ден пред одбележувањето на Независноста на Македонија.

Ова стана познато за јавноста откако Претседателот на Црвена Младина – Марио Јанески ги објави фотографиите на социјалните мрежи. Потсетуваме тој се соочи со закани откако залепи налепница АСНОМ на преименуваниот парк во Чаир.

За натпис АСНОМ – Пријава во полицја. За натпис УБИЈЦИ и СОУЧЕСНИЦИ на протест – Апсење и казни За ова овде на сликите сигурно веќе сторителите се спроведени од органите на прогонот и санкционирани исто како што беа и дечките од Црвена Младина апсени. – Напиша Марио Јанески на својот фејсбук профил.