Повеќето Германци сакаат американската војска да се повлече од нивната земја

Минатата недела, Пентагон најави дека 12,000 американски војници ќе бидат повлечени од Германија. Овој чекор претставува обид на Трамп да го “казне” Берлин поради тоа што купува Руски гас и затоа што “не придонесува доволно кон НАТО”. 

Но, нова анкета покажува дека всушност повеќето Германци едвај го чекаат повлекувањето. Дури 47% од анкетираните се ЗА одлуката на Пентагон да повлече 12,000 американски војници од Германија. Покрај тоа, секој четврт германец смета дека военото присуство на САД во земјата треба да биде сведено на нула.

Само 28%  сметале дека контингентот од 36,000 војници треба да остане. 

Ставовите на германската јавност по ова прашање се во силен контраст со ставовите на политичарите во државата. 5 од 6 парламентарни групи во Бундестагот се противат на повлекувањето. Само Германската Левица “Linke” цврсто стои на ставот дека Американците мора да си заминат.