Изложба на избрани дела од фестивалот Зрно 2023 во Културно информативен центар – Скопје

Во среда 08.11 со почеток од 20 часот во Културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи завршната изложба од фестивалот на алтернативна фотографија ЗРНО на која ќе бидат претставени избрани дела настанати на работилниците за благородни фотографски процеси 10 – 16 јули, 2023, село Цапари

Посетителите ќе имаат уникатна можност да се запознаат со фотографски процеси кои никогаш не биле работени/презентирани во Македонија.