Левица: Дивоградбите во Гази Баба недопирливи веќе два мандати

  • Реакција на Левица – ЛО Гази Баба

Уште во 2021 година, екс-градоначалникот од редовите на СДС – Борис Георгиевски најавуваше рушење на дивоградбите, меѓу кои и онаа позади поликлиниката во населба Ченто. Ништо од тоа не исполни.

Со исто ветување дојде и актуелниот градоначалник од редовите на ДПМНЕ – Бобан Стефковски . Иако Стефковски ветуваше рушење на дивоградбите, дивоградбата позади поликлиниката во Ченто се’ уште стои. Изговорот на градоначалникот е дека нема градежен инспектор, односно градежниот инспектор дал отказ од лични причини и додека новиот градежен инспектор не добие лиценца не може да постапува.

Иако се’ уште нема градежен инспектор, извршено беше рушење на дивоградба во населено место Инџиково, додека за останатите дивоградби (меѓу кои и познатата дивоградба позади Поликлиниката Ченто) се’ уште стои изговорот дека нема градежен инспектор.

Дополнително, иако во опозиција ДПМНЕ најавуваше кривични постапки против локалните власти на СДС, досега НИТУ ЕДНА пријава не е иницирана. Зошто Стефковски не побара кривична одгворност за екс градоначалникот на Гази Баба, кој дозволи урбанистички хаос и експанзија на дивоградби во оваа општина?!