Јанчев: Се случи историска јавна расправа, спорниот ДУП нема да се гласа

  • Фејскбук статус на советникот Саше Јанчев од Левица во Општина Гевгелија

Денес во Гевгелија се случи историска јавна расправа по спорниот Нацрт ДУП за блок 1.5 кој предвидува две нови згради во централното градско подрачје.

На расправата имаше педесетина граѓани на која проектантот проба да го продаде овој ДУП како најнормална работа со класичните демагогии како се е согласно закон, како ГУП ова го предвидува, како станува збор за развој и слични приказни.

Народот во салата тоа не го прифати дури и дрско не дозволуваше да му се продаваат вакви демагогии. Ова се случува прв пат во Гевгелија.

Колегите советниците од сите политички партии одговорија на мојот повик од вчера да присуствуваат на оваа расправа и лично да ги сослушаат граѓаните. Сите партии кои имаат советник имаа свој претставник на расправата и затоа тука јавно ги поздравувам.

И уште поважно сите јавно кажаа дека ваков ДУП нема да гласаат.

Ова е победа и историски настан за Гевгелија.

Оваа победа наметна и друга цел. После расправата граѓаните побараа од советниците да се спречи понатамошна изградба на згради во централното градско подрачје на Гевгелија и тоа е сега нов приоритет.

Честитки и за проактивноста на граѓаните оти ако не дигнеа глас и ова ќе поминеше како што се друго си поминува.

Ова е и пример дека во политичкото битисување постојат само две сценарија. Или народот ја масира власта, или власта го масира народот. Трето нема, а денес Гевгеличани покажаа како се масира.

Поклон до земја!

Да живее Гевгелија, да живее Македонија!

Силата е во народот!