- Реакција на Левица – Здравствен сектор
По актуелизирањето на системските предизвици со кои се соочуваат дијабетичарите од страна на пратениците на Левица преку предлог-Законот за дополнување на Законот за Здравствена Заштита кој предвидува регулирање на правото на глукомери, системи за континуиран мониторинг на гликемија и инсулински пумпи за дијабетичарите, деновиве добиваме информации од дијабетичари дека селективно некои добиваат медицински средства.
На седницата на Собранието на Република Македонија за пратенички прашања, пратеникот на Левица Борислав Крмов побара образложение од заменик-министерката Манолева за доцнењето на инсулинот и недостапноста на медицинските средства, на што таа неаргументирано негираше дека не е достапен инсулин или системи за мониторимг на гликемија!
Ова докажува дека политичкиот притисок на Левица кон Министерството за Здравство вроди со плод, но свесни сме дека ова не претставува системско решение, а лицата со дијабет се во неизвесност дали ќе добијат медицински средства следната година.
Затоа, продолжуваме со нашата борба да правата на лицата со дијабет бидат озаконети и обезбедувањето на медицински средства стане законска обврска на државата. Постојано го мониторираме доцнењето на инсулин во инсулинските аптеки ширум државата, цените на медицинските средства кои може да се обезбедат од аптеките и состојбата на пациентите со дијабет.
Ги охрабруваме сите кои имаат забелешки за пристапот на Министерството за Здравство кон системското справување со недостигот на медицинските средства и лекови да ги споделат своите информации со нас.