Путин: Правам се што е во интерес на мојот народ и мојата земја

На пленарна седница на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“, Путин беше прашан дали чувствува страв или нервоза, поради големиот притисок од Западот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во својата работа мора да се води од интересите на руската држава, дека тоа го прави во моментот и ќе продолжи да го прави во иднина.

„Не можам да се водам од размислувањата во таа насока како Претседател. Единствено морам да се водам од интересите на рускиот народ и руската држава. Ова го правам во моментот и ќе продолжам во иднина да го правам тоа. Ќе направам се она што сметам дека е неопходно за интересите на мојот народ, мојата земја“, одговори претседателот.

На форумот кој оваа година беше насловен како „Светот по хегемонијата – правда и безбедност за сите“, претседателот на Руската федерација истакна дека денешните власти во светот сакаат да живеат без никакви правила.

„Оние кои ги поставуваат правилата мислат дека другите немаат право на свој единствен пат. Би сакал да потсетам на рускиот предлог до нашите западни партнери. Тој беше турнат настрана. Човештвото има два избора: или ќе продолжиме со проблемите што ги оптоваруваат сите или ќе работиме заедно. Верувам во здравиот разум, секогаш сум за тоа“, рече Путин и го повика Западот да работи на заедничка иднина со Русија.