Земјиштето во врска со парцелата близу клиниката „Букурешт‘‘ е на Фатмир Етеми

Земјиштето на спорната парцела кај клиниката ‘‘Букурешт‘‘ е на Фатмир Етеми, познат градежник. Според порталот prizma.mk претходно во позадина на таа парцела стоел Кочо Стојчески. Таму планирал да гради голем објект заедно со ‘‘Гранит‘‘.

Потпишал договор со Орце Камчев за да го купи земјиштето, ВМРО-ДПМНЕ престана да го нарекува „хаусмајстор“, но конците ги заплетка градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски.

Како што се наведува во Призма, сега земјиштето е во рацете на друг познат градежник од Скопје, Фатмир Етеми, но мнозинството од советниците од Левица, Вмро-Дпмне и Независните го суспендираше урбанистичкиот план, во кој спаѓа оваа парцела и засега никој не може да гради.

По овие „игри“ околу таа градежна маркичка, се коментира дека Стојчески сега е поблизок до ВМРО-ДПМНЕ, отколку до СДСМ.

„Јас не сум се сменил, можеби некој друг се сменил“, вели тој за шпекулациите дека го променил политичкиот дрес.

На пресконференција на Претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов, изјави дека на 18 август, на седница на Советот на Општина Карпош, со мнозинство гласови без поддршка на советниците од СДСМ И Гром кои не присустуваа на истата, беше усвоена одлука со која се задолжува градоначалникот и Општината да стопира со издавање дозволи за градба, како и за изработување на елаборат за суспензија, со крајна цел ревизија на истиот. Во овој случај, блок 08 од ДУП З 05 како простор предвиден за зградата во прашање.

Ова е исчекорување нанапред и воедно преседан за Карпош во борбата против урбанистичката мафија‘‘ рече претседателот на Совет на Општина Карпош од редовите на Политичката Партија Левица, Бранко Ристов.