“Ослободуење на Скопје” андергаунд фестивал на 12-ти Ноември

На 12-ти Ноември, сабота, со почеток од 19:00 часот во Хол Оф Леџендс, железничка станица, ќе се оддржи фестивалот “Ослободуење на Скопје”, каде ќе настапат скопските андерграунд легенди: Но нејм нејшн, Лоши деца, Брука и младите Преку ред како и диџеј Жолтамин.

Бендовите од двете гаражи кои повеќе од 20 години создаваат македонска андерграунд музика ве покануваат на одлична, бескомпромисно жустра журка, каде ќе се дочека празникот 13-ти Ноември.

Цената на картата е 250 денари, програмата започнува од 19:00 часот и ќе трае до 13-ти ноември, бендовите ветуваат одлична програма исполнета со нивните најпознати песни .

Целта е преку музика од легендите на скопскиот андерграунд звук да се ослободи Скопје од кичерајот и шундот кој го држат под окупација.

Ова е прва година на фестивалот за кој се надеваме да стане традиционален и да порасне во позната скопска приказна за урбаниот подземен звук и борба.